Промо
Слушнете ја „Хиена“ на Антониа Гиговска и „2 Бона“: Песната руши рекорди на слушаност, коментари пишуваат од целиот Балкан! (ВИДЕО)
Новата песна на младата ѕвезда Антониа Гиговска и момците од „2Бона”, Тони и Кун руши рекорди на слушаност во нашата земјa. Нивната “Хиена” за само неколку дена на Јутјуб има повеќе од 330.000 прегледи.
По се изгледа нивната соработка се покажа како полн погодок, а коментарите за истата на социјалните мрежи не престанува да пристигнуваат. Особено изненадува фактот што под објавата пишуваат и фанови од скоро сите соседни земји, па дури и од Русија.
Ќе ви издвоиме само неколку од нив: „ Здраво од Русија. Продолжете да творите, браќа Балканци“, „Многу добра спојка сте тројцата, предобар спот, предобра песна“, „Антониа е симбиоза од светски потенцијал. Со ваков потенцијал не е фер светот да не те слушне“, „Пола песна не ја разбирам, но ова е совршено. Каква енергија во песна, каков вајб – поздрав од Хрватска“ – се само дел многуте коментари.



