
Промо
Вечерва и утре, (13 и 14 септември) во 21.05ч „Охрид фест“ на МРТ
Вечерва, на првиот канал на МРТ, во 21.05 ч ќе се емитува снимката на Фолк вечер од Интернационалниот „Охрид фест“ што се снимаше во саботата по полноќ на сцената на Долни Сарај во Охрид.
Шеснаесет песни, многу познати имиња, групата „Скопски боеми“ која настапи во ревијалниот дел и Каролина Петковска која ја водеше оваа специјална музичка ноќ, се доволна причина да го проследите фестивалот што годинава го имаше 28-мото издание.
Веќе следниот ден, во вторник, (14 септември) во истиот термин- 21.05ч на националниот сервис ќе биде прикажана Интернационалната вечер.


