Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Разводот може да го чини Бред Пит 100 милиони долари

Сцена

Разводот може да го чини Бред Пит 100 милиони долари

Разводот на најпознатата двојка во Холивуд – Бред Пит и Анџелина Џоли, добива своја завршница во судот. Како резултат на судските спогодби, поделбата на имотот и старателството ќе го чини Бред Пит до 100 милиони долари.

Запознаени со случајот раскажуваат пред „Радаронлајн“ дека Пит ќе треба да ги плаќа трошоците за децата поврзани со нивниот живот, безбедност, образование и слично, додека тие не наполнат 21 години.

– Тој успеа да си ги врати децата, но веќе гледа во сосема друга реалност, која му носи голем ангажман. Токму договорот за децата го влече толку долго случајот. Бред се обиде да се бори и да се брани, но не успеа да ја спречи Анџелина да земе скоро половина од она што го има, вели изворот за „Радаронлајн“.

Фактот дека судењето за разводот е близу до својот крај, стана познато пред 2-3 месеци. Пред една недела Бред Пит сам призна дека е „добил она што сакал“ по речиси двегодишниот спор со Анџелина Џоли за старателството на децата.

Џоли долго време се обидуваше да ја ограничи комуникацијата со децата.

На 30 ноември адвокатката на актерката – Саманта Блеј ДеЏин потврди дека договор за туторство над децата е постигнато.

Според ДеЏин, Анџелина никогаш не сакала сама да се грижи за децата, иако сите мислеле токму спротивното.

Поранешните сопружници постигнале одредени аранжмани, но останува да решат уште многу нијанси и детали за да има конечен договор, но факт е дека Бред Пит ќе може да поминува значително повеќе време со децата и дури мисли да биде со нив за време на претстојните празници.

Како што е познато, Анџелина Џоли поднесе барање за развод на 20 септември 2016 година по 12 години брак со Пит.

Џоли потоа најави дека таа и Пит имале непомирливи несогласувања, и таа требало да добие целосно старателство над децата, за нивниот татко да нема лошо влијание врз нив.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.