МК Сцена
Жељко Јоксимовиќ, Ван Гог и Каролина го потврдија настапот на MAC
После Бајага, Петар Грашо и Сергеј Ќетковиќ настапите на првата регионална церемонија на доделувањето на музичките признанија MAC (Music Awards Ceremony) на 29 јануари во Штарк Арената ги потврдија уште три големи ѕвезди од регионот: Жељко Јоксимовиќ, Ван Гог и Каролина Гочева.
Една од несомнено најголемите ѕвезди во регионот, музичарот Жељко Јоксимовиќ, кој веќе има успех на најголемите европски музички настани, за своето доаѓање на MAC вели:
„Драго ми е што ќе настапам на Music Awards Ceremony, затоа што верувам дека ваква манифестација е неопходна и значајна за регионот, како и за поврзување на регионалната музичка сцена. Сигурен сум дека атмосферата и енергијата ќе бидат одлични, ќе има многу добра музика, продукција и придружните елементи ќе бидат на врвно ниво, и затоа ги поканувам сите да ни се придружат во Арена на 29 јануари. Се гледаме!“




