Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ријана прогласена за национален херој

Сцена

Ријана прогласена за национален херој

Ријана прогласена за национален херој

Ријана ја доби почесната титула национален херој откако Барбадос стана република, со што престана да биде британска колонија официјално предводена од кралицата Елизабета Втора.

Церемонијата се одржа во родниот град на Ријана, Бриџтаун, како дел од прославата на националниот празник на Република Барбадос и инаугурацијата на новата претседателка, а почесната титула и ја додели премиерката на Барбадос, Миа Мотли.

-Продолжете да сјаете како дијамант и продолжете да го правите вашиот народ горд – рече Мотли, цитирајќи стихови од песната на Ријана „Diamonds“.

Ријана на тој начин стана 11-ти национален херој на земјата, но само втора жена во историјата на Барбадос која ја добила оваа титула. Нејзиниот претходник беше верскиот водач Сара Ен Џил, која почина во 1866 година.

Ријана беше почестена во присуство на принцот Чарлс и новата претседателка Сандра Мејсон, која ја претставуваше кралицата како генерален гувернер на островската држава.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.