Трагедија на концерт на Тревис Скот: 8 починати и стотина повредени во стампедо
Најмалку осум лица загинаа, а стотина се повредени за време на стампедо на концертот на Тревис Скот на фестивалот Астроворлд во Хјустон.
Шефот на локалната пожарникарна служба, Семјуел Пења, изјави дека дошло до метеж кај предниот дел од бината и избувнала паника меѓу посетителите. Во тие моменти на бината настапувал американскиот рапер Тревис Скот, кој го основа фестивалот во 2018 година.
Седумнаесет лица биле пренесени в болница, од кои 11 имале срцев удар и од нив осуммина починале. Околу 300 имаат повреди како исекотини и модринки. На концертот имало околу 50 илјади посетители.



