Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Саша Поповиќ ја открил болеста по несреќен случај: Лекувањето го доверил на лекари во Париз

Сцена

Саша Поповиќ ја открил болеста по несреќен случај: Лекувањето го доверил на лекари во Париз

Саша Поповиќ, долгогодишен музички продуцент и основач на „Гранд продукција“, почина на 70-годишна возраст по кратко и тешко боледување. Веста за неговата смрт ја потресе музичката сцена и неговите бројни обожаватели.

Поповиќ со болеста се соочувал помалку од една година, а неговото лекување било доверено на врвни специјалисти во Париз. И покрај надежите и напорите на лекарите, неговата состојба значително се влошила во последните месеци.

Болеста ја открил по несреќен случај

Случајна повреда довела до откривање на сериозниот здравствен проблем. Поповиќ ја скршил ногата, но откако раната не зараснала според очекувањата, лекарите спровеле детални испитувања. Тогаш било утврдено дека неговата здравствена состојба е сериозно нарушена.

Маркетинг

Последните фотографии што се појавија во јавноста поттикнаа надеж дека продуцентот ќе ја добие битката, но болеста сепак го надвладеа.

Поповиќ ги поминал последните моменти опкружен со семејството, кое му била најголема поддршка во овој тежок период.

Наследство што го обележа балканската музичка сцена

Од „Гранд продукција“ ја потврдија веста за неговата смрт, истакнувајќи ја неговата огромна улога во музичката индустрија.

“Со неискажлива тага ја известуваме јавноста дека денеска, по кратко и тешко боледување, почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција. Александар Саша Поповиќ низ децениската работа беше визионер и посветен професионалец. Преку музиката и телевизијата, тој откри и поддржа бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера.”

Поповиќ имаше огромно влијание врз развојот на музичката сцена во регионот. Иако неговата кариера започна како музичар, најголемата популарност ја стекна како продуцент и телевизиски креатор, создавајќи емисии и натпреварувања кои открија бројни музички ѕвезди.

Од љубов кон спортот до музички успех

Како млад, Поповиќ бил страстен фудбалер и тренирал во клубот Војводина, но судбината го насочила кон музиката. Неговиот татко, кој бил мултиинструменталист и пејач на Радио Војводина, сакал синот да го продолжи музичкиот пат.

Во 1976 година го основа бендот „Лира шоу“, кој првенствено изведувал народна музика. Вистинскиот пробив доаѓа кога им се придружува Лепа Брена како вокал. Во 1982 година, групата го менува името во „Слатки грех“ и тргнува на турнеја низ Југославија, станувајќи музички феномен.

Неговото име засекогаш ќе остане поврзано со многу големи музички ѕвезди и значајни проекти кои оставија траен печат на балканската музичка сцена.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.