Сцена
Селена Гомез објави гола фотографија од Џастин Бибер?!
Приврзаниците на пејачката Селена Гомез се изненадиле кога на нејзинот Инстаграм профил се појавиле фотографии на голиот Џастин Бибер. Станува збор за папараци фотографии кои се појавија во медиумите во 2015 година.
„Погледнете го неговиот мал `смоки`“, пишува покрај фотографијата на голиот Џастин Бибер (23). Профилот на Селена Гомез набрзо после хакерскиот напад е исклучен. После неколку часа, Инстаграм профилот повторно стана активен, но без спорните фотографии.
Селена која беше во врска со Бибер до 2015 година се уште нема коментари од непријатната ситуација.





