Сцена
Селена Гомез се вклучи во акција за помош на заболените од рак
Пејачката Селена Гомез се вклучена во чувствителна акција, чија цел е помош на жените заболени од рак.
Како заштитно лице на брендот „Пантен“, Селена ја поддржа нивината програма „Beautiful Lengths“ и ги повикува жените да се придружат на акцијата „8 или 8“.
Селена ги повикува сите да донират или осум долари или осум инчи (20 сантиметри) од своите коси, за да се овозможи изработка на перики за жените кои ја загубиле својата коси во борбата против ракот.



