Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

По контроверзните твитови, трансродовата актерка од филмот „Емилија Перез“ сепак ќе присуствува на Оскарите

Шоубиз

По контроверзните твитови, трансродовата актерка од филмот „Емилија Перез“ сепак ќе присуствува на Оскарите

Трансродовата актерка од филмот „Емилија Перез“, Карла Софија Гаскон, ќе присуствува на доделувањето на Оскарите што ќе се одржи на 2 март во театарот Долби во Холивуд.

Според Variety, Нетфликс ќе ги покрие трошоците за нејзиното присуство на церемонијата.

Гаскон, која стана првата трансродова личност номинирана за Оскар во актерските категории, ќе биде дел од овој престижен настан, но се уште не се познати сите детали за нејзиното појавување. Нема информации дали ќе прошета на црвениот тепих, ќе дава интервјуа или со кого ќе седи за време на церемонијата, но се очекува да биде во друштво на нејзините филмски колешки Зои Салдања, Селена Гомез и режисерот Жак Аудиар.

Маркетинг

Сепак, пред доделувањето на Оскарите, Гаскон ќе присуствува на доделувањето на наградите Цезар во Париз на 28 февруари.

Иако номинирањето за Оскар е голема чест, нејзината кампања за сезоната на награди беше жестоко критикувана поради контроверзните твитови. Имено, нејзините објави за муслиманите, Џорџ Флојд и различностите на Оскарите предизвикаа големи реакции и осуди во јавноста. Поради овие ставови, шпанската глумица не присуствуваше на доделувањето на наградите Critics Choice, BAFTA и SAG, иако беше номинирана на сите овие престижни церемонии.

Набргу откако нејзините објави станаа јавни, Гаскон се извини за своите постапки, велејќи дека е свесна дека повредила многу луѓе.

„Како некој кој доаѓа од маргинализирана заедница, ја разбирам болката што ја предизвикав и жал ми е за оние што ги повредив“, рече таа тогаш.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.