Сцена
Селена и Д Викенд прегрнати дефилираа на црвениот тепих на „Мет Гала“ (ФОТО)
Ги следиме од првата папарацо фотка од „Коачела“, а сега веќе заедно се појавија на црвениот тепих, официјално, новиот „селебрити“ пар – Селена и Д Викенд!
Освен што нивната врска е релативно нова и буквално сите зборат за нив, сепак на фотографите тие изгледаат навистина среќни во нивната љубов.
Парот за првпат се појави официјално во јавноста на овогодинешната „Мет Гала“ и беа прегрнати целото време.








