Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

СПЕКТАКЛ ЗА ТРЕТИОТ РОДЕНДЕН: Лепа Брена овој петок во „Дежаву“!

МК Сцена

СПЕКТАКЛ ЗА ТРЕТИОТ РОДЕНДЕН: Лепа Брена овој петок во „Дежаву“!

Балканската мега ѕвезда Лепа Брена на 5 мај ќе пее на третиот роденден на популарното кафуле „Дежаву“ во Капитол мол.

Како што велат организаторите, Брена во Скопје не настапувала повеќе од 15 години, па затоа нејзиниот ексклузен настап ќе биде токму на третиот роденден на „Дежаву“ за кој пејачката подготвува музичка програма која ќе трае повеќе од два часа.

Деновиве за концертот на Брена се бара место повеќе, а од популарниот кафе-ресторан велат дека резервациите се веќе готови, сѐ е преполно, па затоа решиле да го зголемат капацитетот со дополнителни 100 коњопои, за да можат скопјани да уживаат со хитовите на фолк дивата.

Брена на роденденот ќе пее стари и нови хитови од нејзината голема музичка кариера. Инаку, таа е добитник на голем број музички награди, платинеста и златна плоча и оскар на популарноста на територијата на целиот Балкан.

Резервации за вашето присуство можете да ги резервирате на телефоните 076 304009 и 078 242536.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.