Сцена
Северина „леташе“ како змеј за Пелистерка (ФОТО)
Хрватската поп-ѕвезда Северина, на сетот на новиот спот за „Пелистерка“, „леташе“ како змејовите од телевизиската серија „Игра на тронови“.
Како ново заштитно лице на најпознатиот македонски бренд за вода, познатата пејачка снимаше кадри на истата локација во Шибеник, каде што се реализираа и сцени за популарното шоу на „ХВО“, кое што има милиони гледачи ширум светот.
Познатата хрватска поп-пејачка и менаџментот на компанијата деновиве потпишаа договор за соработка врз основа на којшто ќе реализираат неколку големи проекти за промоција на брендот на македонскиот, но и на пазарите во регионот. Од „Пелистерка“ истакнуваат дека ја избрале Северина за заштитно лице поради нејзиниот уникатен стил и неверојатната енергија што ја поседува.







