Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ШАРЛИН СПИТЕРИ: „Тешко е да се биде мајка и да се оди на турнеја“ (ИНТЕРВЈУ)

Интервју

ШАРЛИН СПИТЕРИ: „Тешко е да се биде мајка и да се оди на турнеја“ (ИНТЕРВЈУ)

Шарлин Спитери, пејачката на шкотската група „Тексас“, се омажи по 11 години врска со познатиот готвач Брин Вилијамс, на само 20 дена пред закажаниот настап во Скопје.

Таа во ексклузивно интервју за Популарно.мк открива детали од нејзиниот приватен и професионален живот.

Групата „Тексас“ се врати на сцена по осум години пауза.

– „Да, беше тешко да се вратиш на сцена по осум години пауза, но мислам дека албумите “The Conversation” (2013), “Texas 25” (2015), “Jump on Board” (2017) имаа голем успех кај публиката која не не’ заборави. Тие осум години за мене беа навистина тежок период во мојот живот, не сакам да зборувам за тоа..“ – вели Шарлин.

Во 2009 година, главниот гитарист во групата Алај МекЕрлејн доживува колапс на сцена – причината е аневризма во мозокот со мали шанси за опоравување. Тој бил во кома 9 недели, а цела година се опоравувал од ударот, за веќе наредната година да се врати на сцена со „Тексас“.

– „Можам да кажам дека тоа беше критичен период за бендот и една од причините да направиме долга пауза. Алај е мој другар, а потоа е мој колега. Тој е навистина среќен човек, среќата беше на негова страна. Докторите велат дека е навистина големо чудо да преживееш таков мозочен удар. Се радувам што сега е добро!“ – додава Спитери.

Групата „Тексас“ е непозната за новите генерации, а за тоа говори и нејзината 16-годишна ќерка, која во една пригода и рекла на Шарлин дека повеќе ја сака новата модерна музика, од музиката на нејзината мајка.

– „Да, свесна сум дека Тексас е легендарен бенд, но тоа младите луѓе не го разбираат. На пример, мојата ќерка, таа ужива во новата музика на комерцијалните поп пејачи. Факт е дека постои и ќе постои разлика во музичките стилови, во тоа што слушала претходната, а што новата генерација. Ние како бенд се обидуваме да им се допаднеме на сите, а јас искрено не ја почитувам новата електронска музика и новите музички правци.“ – изјавува во телефонското интервју Шарлин.

Групата „Тексас“ моментално е на турнеја, а еден од градовите кои ги посетуваат е и Скопје, каде настапуваат овој петок во спортската сала „Кале“. Ја прашавме пејачката, како изгледа еден ден од турнејата на „Тексас“.

– „Верувајте, тешко е да се оди на турнеја кога си стар човек! (се смее) Оваа година, а и претходната, беа навистина целосно букирани. Секој ден нешто се случува, некаде се патува, многу настапувавме, фестивали низ Европа. Имавме неколку преднастапи, свиревме и во пабови, гостувавме во разни телевизиски шоуа, и ова звучи навистина добро за вас, но за нас е навистина напорно. Инаку секогаш се обидувам на настапите да ги мешам старите и новите песни, но не за да ја натераме публиката да ги научи новите песни, туку за да кажеме една приказна…“, раскажува Спитери.

На тоа, пејачката се надоврза колку е тешко да си родител, а во исто време да си на турнеја.

– „Знаете што најмногу ми пречи во целата ситуација, што не можам да бидам со ќерка ми секој ден, посебно во годините кога најмногу и требам. Купив интернационална роаминг картичка, се слушаме секој ден, но навистина ми фали да ги поминувам деновите со нејзе. И таа доаѓа на турнеја кога може, преку летото, но со обврските во учиилиште навистина е тешко се да се постигне..“ – додава таа.

За крај, ја прашавме, што да очекуваме од „Тексас“ во Скопје:

– „Шоу за кое долго ќе се зборува, како и сите шоуа на „Тексас“… ќе биде навистина убаво! (се смее)“ – за крај изјави Шарлин Спитери.

Инаку,  свадбата на Шарлин се одржа во Велс, а 50-годишната пејачка носеше фустан од познатата дизајнерка Стела Макартни. Фустанот од тантела со долги ракави и „опашка“ од тул во задниот делја следеше линијата телото. Нејзиниот сопруг носеше црн триделен костум.

Пејачката, која ќе одржи концерт во Скопје, лани во февруари преку социјалните мрежи се пофали дека Брин ја побарал за жена.

– „По само десет години, тој всушност ме побара за жена. Му требаше навистина долго време. Мислев дека доживува срцев удар, не знам што го натера на тој чекор“, напиша тогаш пејачката.

Концертот на „Тексас“ ќе одржи на 28 септември во спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, а во организација на „Авалон“. Предгрупа на концертот ќе биде гостиварскиот бенд „Ареа“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интервју

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.