Шоубиз
65. Греми награди: Објавени номинациите за престижните музички награди
Вчера беа објавени номинациите за Греми наградите кои на 5 февруари во Лос Анџелес по 65-ти пат ќе ги додели американската Академија за дискографска уметност и наука, а дефинитивната предност ја оствари Бијонсе со албумот „Renaissance“.
Бијонсе во својата кариера 88 пати била номинирана за престижната награда, исто колку и нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи. По овој критериум, двајцата се рекордери во историјата на Греми.
Пејачката на хитот „Break My Soul“ е во конкуренција со некои од најголемите награди на вечерта, вклучително и музичка снимка на годината (се доделува на изведувачот и продуцентот на песната), албум на годината и песна на годината (се доделува на авторот на музиката и на текстот на песната).



