Шоубиз
Џони Деп се појави на модната ревија на Ријана
Актерот Џони Деп (59) се појави на четвртата ревија на Ријана наречена „Savage X Fenty“, а некои од обожавателите на пејачката не беа среќни поради тоа.
Премиерата на шоуто беше во вторникот, а Деп се појави само една минута, носејќи темно зелени свилени пижами од брендот на пејачка и неколку ланчиња кои се негов заштитен знак. На видеото, Џони може да се види во темна шума како оди кон камерата додека во позадина танчери ја изведуваа својата точка. Можеше да се забележи и дека тој ја има својата препознатлива брада која неодамна ја избричи и на тој начин стана непрепознатлив за обожавателите.
JOHNNY DEPP IN RIHANNA’S SAVAGE X FENTY SHOW pic.twitter.com/szhVItteW8
— johnny depp daily (@johnnydppdaily) November 9, 2022



