Шоубиз
Актерката Деби Рејнолдс почина само еден ден по смртта на ќерка и Кери Фишер
Холивудската филмска легенда Деби Рејнолдс (84) почина синоќа во Лос Анџелес, само еден ден по ненадејната смрт на нејзината ќерка, актерката Кери Фишер.
Веста за смрта на Рејнолдс ја соопшти нејзиниот син Тод Фишер. Тој изјави дека мајка му починала в болница, по претрпениот мозочен удар.
– Таа сакаше да биде со Кери, изјави Тод Фишер за холивудскиот весник „Вараети“.




