Алек Болдвин и неговата сопруга исчезнаа од Твитер по неговото прво интервју за пукањето на сетот
Алек Болдвин (63) и неговата сопруга Хиларија Болдвин (37) ги избришаа своите профили на Твитер само неколку дена откако Алек го даде своето прво интервју за фаталното пукање на сетот на „Rust“. Во него, Алек ги негираше наводите дека е одговорен за смртта на кинематографката Халина Хачинс.
Корисниците на Твитер во неделата вечерта забележале дека неговиот Твитер профил го нема. @alecbalwin е името на профилот на кој актерот ја даде својата прва официјална изјава по инцидентот на снимањето. Профилот на неговата сопруга бил избришан во понеделникот наутро, како и профилот на нивната фондација Хиларија и Алек Болдвин, пишува Variety.
Нивните профили на Инстаграм се активни, а досега ниту Алек ниту Хиларија не дадоа официјална изјава зошто ги избришале профилите на Твитер.




