Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Анистон беше првата и последната гостинка на Елен: Водителката во солзи со емотивен говор се прости од публиката

Шоубиз

Анистон беше првата и последната гостинка на Елен: Водителката во солзи со емотивен говор се прости од публиката

Ѕвездата на „Пријатели“ Џенифер Анистон (53) гостуваше во најновата и воедно последна епизода на „The Ellen Show“. Ток-шоуто траеше скоро две децении и имаше над 3.000 епизоди.

Во четвртокот во финалето се појави и Анистон, која беше и прва гостинка во шоуто во 2003 година, а за време на разговорот со Елен се пошегува на сметка на нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.

-Раскинав и отидов на терапија. А потоа го снимив филмот „Раскинување“ – изјавила Анистон и додала дека сакала да отвори сосема ново поглавје во нејзиниот живот.

На крајот од разговорот со Елен во последната епизода од шоуто, Анистон на водителката и го подарила истиот подарок што и го дала кога првпат дошла – черга со натпис „Welcome“ (Добре дојдовте), a сега пишувало “Thanks for the memories“ (Благодарам за спомените).

На самиот почеток на шоуто, комичарката се прости од гледачите и презентираше непознати детали од почетокот на кариерата, а за време на нејзиниот емотивен говор се расплака.

– Добредојдовте во нашата последна емисија! Дојдов овде пред 19 години и тогаш реков дека ова е почеток на врска, а сега велам дека ова не е крај на врската, повеќе е како мала пауза, сега можете да гледате други емисии, а јас нема да видам публика некое време. Пред 20 години, кога се обидовме да го продадеме шоуто, никој не веруваше дека ова ќе успее, не затоа што ова е поинаков вид на шоу, туку затоа што јас сум поинаква. И еве не, 20 години подоцна, заедно го славиме ова неверојатно патување – рече Елен и продолжи.

-Кога ја почнавме емисијата не смеев да кажам „геј“, тоа често го кажував дома. Не можев да кажам геј или ние, затоа што тоа значи дека сум со некого, сигурно не можев да кажам сопруга, затоа што тогаш не беше легално гејовите да се венчаат, а сега постојано зборувам за мојата сопруга.

– Пред 25 години ми ја откажаа забавната емисија затоа што не сакаа лезбејката да биде во ударен термин еднаш неделно, па реков: „Ќе бидам преку ден, секој ден, што мислите за тоа ?“. Колку убаво, убаво патување на кое бевме заедно. Ако оваа емисија ве насмеа, ако ве подигна кога бевте во период на некаква болка, некаква тага, тогаш јас си ја завршив работата – изјави водителката.

– Благодарение на оваа платформа успеавме да ги промениме животите на луѓето. Ова шоу ми го промени животот засекогаш. Тоа е најголемото искуство што сум го доживеала, надвор од мојата најлуда имагинација – рече Елен и заплака, а потоа танцуваше „за последен пат“.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.