Шоубиз
Поротата одлучува: Дали Џони Деп ќе ја добие судската битка?
Судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд продолжува денеска. Имено, поротниците во граѓанската постапка меѓу Џони Деп и Амбер Херд беа на тридневен одмор поради празникот Денот на сеќавањето, а се очекува денеска да продолжат со расправата.
Судењето привлече големо внимание кај светската јавност и може да се покаже како значаен преседан за жртвите на семејно насилство. Може да поминат уште неколку дена пред поротата да донесе конечна пресуда, но што би можело да значи за Деп ако неговата тужба за клевета биде одбиена?
Во тужбата против Херд, Деп бара исплата на 50 милиони долари за загуба на заработка, предизвикана од написот на неговата поранешна сопруга во „The Washington Post“ во 2018 година . Таа се опиша себеси како „јавна личност што била жртва на семејно насилство“. Адвокатскиот тим на Деп тврди дека актерот изгубил значителен приход поради инсинуацијата дека е насилник.




