Шоубиз
Доналд Трaмп останува продуцент на „Приправник“
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп ќе остане извршен продуцент на телевизиското шоу „Приправник” кое се емитува на каналот на Ен-Би-Си, пренесува ДПА.
Името на Трамп во одјавна шпица ќе оди веднаш по она на креаторот на ТВ шоуто, Марк Барнет, а пред Арнолд Шварценегер, којшто сега е и водител, пишува списанието „Вараети”.
Петнаесеттата сезона на емисијата започнува на 2 јануари – 18 дена пред Трамп да стапи на должноста претседател.




