Шоубиз
Драган Бјелогрлиќ и Бред Пит: „60 години на Балканот и во Холивуд“
Неколку дена по финалето на Вимблдон, главна тема и понатаму, сосема неочекувано, е младешкиот изглед на Бред Пит, кој е на прагот да наполни 60 години.
Неговото затегнато лице и кожа на вратот е тема на безброј написи и шеги на социјалните мрежи. Од сега веќе класичната „Сите старееме, само Бред Пит се ажурира“ до сè повеќе духовити шеги кои вклучуваат добро познати лица.
Така на Твитер се шири споредбата на 59-годишниот Бред и исто толку стариот Драган Бјелогрлиќ.




