
Шоубиз
Џастин Бибер повторно ја избра Грција: Со Хејли и синот ужива на луксузен семеен одмор далеку од јавноста
Светската музичка ѕвезда Џастин Бибер повторно е во Грција, но овојпат наместо познатите туристички острови, тој и неговата сопруга Хејли Бибер избраа мирно крајбрежно место каде ќе поминат неколку дена во целосна приватност.
Според грчките медиуми, славната двојка престојува во ексклузивниот ресорт Amanzoe, лоциран во Краниди на полуостровот Пелопонез, едно од најлуксузните одморалишта во земјата кое е омилено меѓу светските ѕвезди, кралските семејства и бизнис елитата.
На одмор со малиот Џек Блуз
Џастин и Хејли не се сами – на патувањето ги придружува и нивниот син Џек Блуз Бибер, а целото патување е посветено на семејниот одмор и бегството од секојдневните обврски.









