Џеј Ло има свој заштитник: Бен Афлек се судри со агресивен обожавател
На аеродромот Марко Поло во Венеција, на пат кон дома, еден обожавател одлучи да не ги почитува правилата и премногу и се приближил на Џенифер Лопез, но Бен Афлек веднаш застанал да ја одбрани.
Тогаш реагирало и обезбедувањето, а Бен загрижено ја прашал Џенифер дали е добро. Сепак, латино дивата не дозволила ситуацијата да ја вознемири премногу. Дури и со насмевка на лицето му се заблагодарила на персоналот на аеродромот за помошта и заминала со Бен.





