Шоубиз
Џејда Пинкет Смит конечно се огласи за оскаровската шлаканица
Американската актерка и водителка на ток-шоу Џејда Пинкет Смит за прв пат отворено проговори во своето шоу „Red Table Talk“ за моментот кој го одбележа овогодинешното доделување на Оскарите, кога нејзиниот сопруг Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок.
Џејда реши да се позабави со моментот од овогодинешното доделување на Оскарите за кој веројатно најмногу се зборуваше, како дел од епизодата која се занимава со алопеција. Ако некој некако случајно го пропуштил, Вил Смит го удри Крис Рок на сцената за време на Оскарите затоа што се шегуваше на сметка на ќелавоста на Џејда Пинкет Смит, која ја избричи косата за сопствената борба против алопеција.
-Ова е навистина важен „Red Table Talk“ за алопеција. Имајќи го предвид сето она што го поминав со моето здравје и она што се случи на Оскарите, илјадници луѓе ми се обратија со своите приказни – изјави Џејда во воведот на нејзината емисија.






