Џенифер Лопез и Бен Афлек блескаат на црвениот тепих
Бен Афлек се појави на премиерата на својот нов филм „The Last Duel“ во Њујорк, во придружба на својата девојка Џенифер Лопез.
Парот кој во моментот најмногу го привлекува вниманието на јавноста, заедно позираше на црвениот тепих.
Џенифер (52) за оваа пригода избра дводелна облека во ист тон, изработена од кафеав материјал проткаена со златни детали. Со оваа модна комбинација таа ја покажа својата совршена фигура.




