Сцена
СОФИЈА ВЕРГАРА: „Добив син кога имав 19 години – јас сум подготвена да бидам баба, а не мајка“
Светски познатата актерка со колумбиско потекло, Софија Вергара, реши да стави крај на шпекулациите за својот развод со 47-годишниот актер Џо Манганиело. Во интервју за шпанскиот медиум “Ел Паис”, 51-годишната Софија откри дека главната причина за разделбата била разликата во возраст и различните желби за иднината и имањето на деца.
– „Мојот брак се распадна затоа што Џо беше помлад од мене и сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам стара мајка. Чувствувам дека тоа не би било фер кон бебето. Тоа веќе не е за мене. Добив син кога имав 19 години, кој сега има 32 години, а јас сум подготвена да бидам баба, а не мајка”, открила актерката.
Манганиело поднесе барање за развод на 2-ри јули, наведувајќи “непомирливи разлики” како причина. Иако официјлано разведени, извори на Page Six открија дека двајцата веќе живеат одвоени животи “многу, многу долго време”.




