Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Елтон Џон демантира дека „оди во пензија“

Шоубиз

Елтон Џон демантира дека „оди во пензија“

Британскиот пејач, сер Елтон Џон ги негираше гласините дека ќе се повлече од активното бавење со музиката во текот на следната 2017 година, односно кога ќе наполни 70 години.

Пејачот преку Инстаграм на своите обожаватели им порача нема таква намера.

– Со нетрпение очекувам да ја одбележам 50-годишната заедничка соработка со мојот музички партнер Барни Таупин. Не верувајте на сето она што ќе го прочитате во весниците. Нема вистина во гласините дека планирам да се повлечам, напиша сер Џон во објавата, под фотографија на која се тој и Таупин.

Сер Џон во текот на својата кариера продаде над 300 милиони примероци од неговите албуми, а добитник е и пет награди „Грами”, еден „Оскар” и 11 статуетки на британската музчика награда „Ајвор Новело”.

Неодамна некои британски медиуми објавија дека музичарoт првично имал намера да се пензионира во 2018, но одлучил тоа да се случи една година порано, поради послабата продажба на неговиот нов албум „Wonderful Crazy Night“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.