Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Боемска рапсодија со Гоце Пејковски и одбележување 25 години кариера

МК Сцена

Боемска рапсодија со Гоце Пејковски и одбележување 25 години кариера

Гоце Пејковски годинава одбележува 25 години успешна музичка кариера и токму по тој повод, како вистински професионалец и баш онака како што доликува, најавува голема прослава – Боемска рапсодија на Боемска улица Дебар маало, која ќе се одржи на 12 јуни, следниот месец.

– Музиката е прва љубов на Гоце. Со неа заспива и се буди цели 25 години. Низ текот на овие години достигна многу успеси, а во моментов ги живее најубавите моменти од својата кариера, се вели во соопштението.

Иако долги години опстојува на музичката сцена, тој успеа да остане доследен на стилот кој го негува и вооошто не подлегна на музичките трендови, ниту пак се фрли на експериментирање кога авторите се во прашање.

– Многупати досега докажа дека е мајстор за добри забави, па ништо поразлично нема да биде и на 12 јуни. Затоа добро запомнете го тој датум. Забавата со Гоце е секогаш загарантирана! Се гледаме на Боемска! – велат од тимот на Пејковски.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.