Шоубиз
Заради улога холивудски актер изгуби 22 килограми
Холивудскиот актер Адам Драјвер (33), кој во филмот „Тишина“, новото остварување на Мартин Скорсизе игра језуитски свештеник, изгуби 22,5 килограми за потребите на улогата, поради што е речиси е непрепознатлив во сцените објавени во трејлерот.
Глумецот, во едно неодамнешно интервју откри колку му било тешко да ги изгуби килограмите, но и дека доста ослабнал пред почетокот на снимањето.
– Изгубив 14 килограми пред првата клапа, а за време на снимањето уште осум ипол. Сето тоа имаше смисла. Игравме језуитски свештеници во 17-от век кои патувале две години, болни и гладни, објасни актерот и додаде дека режисерот го поттикнал на драстично намалување на килограмите.




