Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Friends: The Reunion“ е огромен хит на платформата HBO Max

Шоубиз

„Friends: The Reunion“ е огромен хит на платформата HBO Max

„Friends: The Reunion“ е огромен хит на платформата HBO Max

Епизодата „Friends: The Reunion“ му донесе на HBO Max повеќе нови корисници отколку било кој филм на Warner Brothers, кој ја имаше својата премиера годинава на оваа платформа.

Овие вести за епизодата, која беше објавена под наслов „Тhe One Where They Get Back Together“, ги објави Бизнис Инсајдер.

Оваа специјална епизода беше емитувана на 27 мај, по подолго одложување поради пандемијата, и се соочи со генерално позитивни коментари, како од критичарите така и од долгогодишните фанови на серијата.

Овој медиум објави дека, според мерењата на агенцијата Антена, бројките од оваа епизода ги надминуваат оние на филмовите „Godzilla Vs. Kong“ и „Mortal Kombat“, кои исто така беа емитувани на платформата HBO Max.

 

Беше забележано дека, специјалната епизода “Friends: The Reunion“ , исто така донела и најмногу нови корисници за еден ден. Најголемите бројки на оваа платформа за емитување биле за филмот „Wonder Woman 1984“, кој беше емитуван за првпат во декември минатата година.

Интересен податок е тоа што статистиката покажала дека 57% од новите корисници биле жени.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.