
Шоубиз
ПАПАРАЦО ФОТО: Дали Анџелина Џоли му се враќа на поранешниот сопруг?
Љубовните скандали во Холивуд не престануваат. Минатата недела во фокусот беа Кање Вест и Ирина Шајк, но очигледно е дека таму важи правилото – нова недела, нов скандал. Овој пат во центарот на вниманието е Анџелина Џоли.
Како што пренесуваат американските медиуми, таа била видена пред домот на нејзиниот прв сопруг Џони Ли Милер, секако за истиот момент постои и фото доказ, кои за големо задоволство и среќа на папараците, за брзо време се проширија ширум светот.
Како што може да се види на фотографиите, во едната рака Анџелина имала чанта Луј Витон, а во другата шише со скапоцено вино.



