Георгина Родригез: На работа одев со автобус, а се враќав со Бугатито на Роналдо
Георгина Родригез (27), девојката на фудбалерот Кристијано Роналдо (36), наскоро ќе има свое ТВ шоу наречено „Soy Georgina“, во кое гледачите ќе видат како изгледа нејзиниот живот, но се повеќе детали се откриваат пред почетокот на емитување на Нетфликс.
Пред Георгина да биде во врска со Роналдо, таа работеше во Гучи во Мадрид, а нејзиното семејство не било во добра финансиска состојба.
– Од продажбата на луксузна облека, преминав на носење на црвениот тепих. Денес имам милиони следбеници и јас сум девојката на најследениот маж во светот – изјави таа во интервју за The Sun.




