Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Греми 2023: Бијонсе го сруши рекордот за најмногу освоени „Греми“, Хари Стајлс го однесе дома признанието за албум на годината

Шоубиз

Греми 2023: Бијонсе го сруши рекордот за најмногу освоени „Греми“, Хари Стајлс го однесе дома признанието за албум на годината

Синоќа во Лос Анџелес се оддржа 65-тото доделување на Греми награди и ноќта беше исполнета со историски победи и многу епски изведби.

Бијонсе стана најнаградуваниот уметник во историјата на Греми за време на историската вечер во Лос Анџелес.

Пејачката, кој доцнеше на церемонијата откако беше заглавенa во сообраќајот, победи во категориите Најдобар денс/електронски албум, Најдобра R&B песна, Најдобар денс/електронски запис и Најдобра традиционална R&B изведба. Таа сега има освоено 32 Греми награди.

„Се трудам да не бидам премногу емотивна“, рече 41-годишната дива на сцената откако ја освои рекордната награда за денс/електронски албум. Таа, исто така, им оддаде почит и на нејзиниот сопруг и на „quuer заедницата за нивната љубов и за измислувањето на жанрот“.

Хари Стајлс го доби најважната Греми награда на ноќта, албум на годината, за својот албум „Harry’s House“. „Бев толку, толку инспириран од секој уметник во оваа категорија со мене“, рече тој победувајќи ги Бијонсе и Адел. „Мислам дека во ноќи како оваа е толку важно да се запамети дека не постои такво нешто како најдобро во музиката… ова не им се случува многу често на луѓето како мене“. Тој исто така е добитник  и на наградата за најдобар поп вокален албум.

Адел ја освои наградата за најдобра поп соло изведба за „Easy on Me“, нејзина шеснаесетта Греми до сега. „Навистина само со нетрпение чекав да дојдам вечерва“, рече таа на почетокот на краткиот, но емотивен говор во кој зборуваше за својот син.

Кендрик Ламар ги однесе дома наградите за најдобрата рап изведба, најдобрата рап песна и најдобриот рап албум. „Би сакал да се заблагодарам на културата што ми дозволи да се развивам“, рече тој во својот говор, осврнувајќи се на албумот „Mr. Morale & the Big Steppers“ како еден од неговите „најтешки“ проекти.

Лизо освои една од најважните греми награди за запис на годината за „About Damn Time“. „Ова е толку неочекувано“, рече таа. „Сакам да му ја посветам оваа награда на Принц. Кога го загубивме Принц, решив да го посветам животот на правење позитивна музика“. Таа, исто така, и оддаде почит на Бијонсе за промената на нејзиниот живот, нарекувајќи ја „уметникот на нашите животи“.

Бони Раит ги победи Тејлор Свифт, Адел, Стајлс, Ламар, Лизо и Бијонсе и ја освои наградата за песна на годината за „Just Like That“. „Толку сум изненадена, не знам што да кажам“, рече таа пред да му оддаде почит на нејзиниот пријател и инспирација Џон Пријн.

Ким Петрас, исто така, стана втората трансродова жена која освоила Греми, понесувајќи ја наградата за најдобар поп дуо/групен настап со Сем Смит за нивната песна „Unholy“. Мадона го претстави настапот на Петрас и Смит подоцна во текот на ноќта, велејќи: „Ако ве нарекуваат шокантен, скандалозен, проблематичен, провокативен или опасен, дефинитивно имате нешто“.

Церемонијата се врати во Лос Анџелес откако беше преместена во Лас Вегас минатата година како резултат на зголемените стапки на Ковид во градот. Водителот Тревор Ноа ја прослави музиката како начин да не обедини и покрај нашите разлики.

Вечерта започна со енергичен настап на Bad Bunny која ги крена ѕвездите на нозе, како што се Џек Харлоу и Тејлор Свифт, која освои награда за најдобро музичко видео за „All Too Well: The Short Film“. Bad Bunny, исто така, доби Греми за најдобар музички албум за урбана музика.

Членот на Мигос, Quavo, му оддаде почит на неговиот покоен внук и колега Takeoff,  во делот за сеќавање на уметниците кои не напуштија минатата година.

Имаше и воведување на нова награда наменета за славење на уметниците кои дале голем придонес кон музиката на црната популација. Наградата за глобално влијание Dr Dre му беше доделена на самиот Dr Dre во годината кога се одбележува 50-годишнината од хип-хопот. Му претходеше специјален перформанс за да му се оддаде почит на жанрот организиран од Questlove и со изведувачи како Run-DMC, LL Cool J, Salt n Pepa, Public Enemy, Ice T, Queen Latifah, Busta Rhymes и Nelly.

Првата дама на САД, Џил Бајден беше изненадувачка презентерка, објавувајќи го првиот победник на најдобрата песна за општествени промени, доделена на иранскиот пејач Шервин Хаџипур за Бараје, „моќен и поетски повик за слобода и права на жените“. Хаџипур беше уапсен два дена по објавувањето на песната, но подоцна беше ослободен со кауција.

Наградата за најдобар нов уметник на годината, која претходните години ја добија артисти како Били Ајлиш, Оливиjа Родриго, Адел и Дуa Липа, ја доби џез пејачката Самара Џој.

Целосната листа на победници погледнете ја тука.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.