ХОЛИВУДСКИ „ГЛАСИНИ“: Џеј Ло и Бен Афлек ќе ја официјализираат врската на нејзиниот роденден
Гласините во Холивуд велат дека Џенифер Лопез ќе ја официјализира љубовта со Бен Афлек на нејзиниот роденден, кога познатиот актер планира да ја запроси.
Тие деновиве повторно се во фокусот на јавноста, откако славно ја раскинаа веридбата само еден ден пред венчавката во 2003 година.
– „Бен сака да даде уште една шанса на нивната љубов и планира романтично запросување на 52-от роденден на Џеј Ло, на 24 јули.“, изјавил извор близок до актерот за магазинот „Клосер“.



