Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Кевин Спејси ја дочека Новата година во клуб во Загреб

Шоубиз

Кевин Спејси ја дочека Новата година во клуб во Загреб

Кевин Спејси ја дочека Новата година во клуб во Загреб

Насмеан и задоволен, оскаровецот Кевин Спејси (62) ја дочека Новата година во ноќен клуб во Загреб. Во придружба на двајца обезбедувачи, менаџерот, режисерот Јаков Седлар (69), неговиот син Доминик и продуцентот Фран Јурај Прижмиќ (34), се забавувал цела вечер.

На почетокот на сите гости им било соопштено дека Кевин е еден од гостите на вечерта, па педесетина љубопитни се фотографирале со него. Актерот цела вечер уживал во шампањ и во друштво на згодни девојки, па дури и танцувал неколку пати. На излегување од клубот, околу еден час по полноќ, на прашањето дали добро се забавува, тој рекол дека е одлично.

Инаку, актерот во четвртокот слета во Загреб на покана на продуцентот Седлар бидејќи, како што пренесуваат повеќе извори, Седлар треба да разговара за евентуална деловна соработка со Спејси. Режисерот наводно подготвува проект по повод 100-годишнината од раѓањето на Туѓман, која ќе се слави следната година, а на Спејси му се нуди улогата на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.