Ким Кардашијан сака да излезе од бракот со Канје Вест и покрај неговите јавни молби за прошка
Ким Кардашијан Вест сака конечно да го заврши бракот со Канје Вест.
Во новите судски документи до кои дојде TMZ, ријалити ѕвездата вели дека нивниот брак не може да се спаси и покрај неговите грандиозни обиди за простување и да ја придобие назад.
-Ниту еден напор за советување или помирување нема да има никаква вредност во овој момент. Постоеја и продолжуваат да постојат непомирливи разлики помеѓу Канје и мене, што предизвика нашиот брак неповратно да се распадне – се вели во судските документи.




