Полицијата добила налог да го заплени телефонот на Алек Болдвин
Инспекторите побарале пристап до мобилниот телефон на Болдвин за да ги прегледаат сите негови пораки, допишувања, комуникација на социјалните мрежи и пребарувања во моментот на несреќата. Тој не чувствува никаква одговорност.
Алек Болдвин (63) во првото интервју по трагедијата на снимањето на филмот „Rust“ отворено изјави дека со убиството на неговата колешка Халина Хачинс се справува исклучително тешко и дека има кошмари откако ја застрелал, но дека не чувствува одговорност за оваа несекојдневна трагедија.
– Чувствувам дека некој е одговорен за тоа што се случи, но знам дека не сум јас! Би се убил да мислам дека на кој било начин сум одговорен за оваа трагедија и тоа не го кажувам само така. Навистина го мислам тоа – му рекол уништениот Болдвин на Џорџ Стефанопулос на ABC.




