Шоубиз
Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на својот татко
Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит oфицијално се откажа од презимето на нејзиниот татко.
Шајло е нивната втора најстара ќерка и на 18-годишната сега ѝ беше одобрено барањето за промена на името од страна на судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес, според налогот кој успеале да го добијат американските таблоидни медиуми.
Шајло Џоли е родена со името Шајло Нувел Џоли-Пит, но на 27 мај оваа година, кога беше нејзиниот 18-ти роденден, таа поднесе барање за легално отстранување на Пит од нејзиното име.




