Шоубиз
Косово ѝ додели државјанство на светската музичка ѕвезда Дуа Липа
Светската музичка икона, Дуа Липа, доби државјанство на Република Косово. Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ја пречека пејачката во Приштина, каде во свечена атмосфера ѝ врачи указ за државјанство.
Во официјалната објава на социјалните мрежи, Османи изјави дека ѝ претставува голема чест што може лично да ја одликува Липа со косовско државјанство, нагласувајќи дека таа претставува еден од најзначајните културни амбасадори на Косово. Османи додаде дека Липа е “симбол на успех, талент и меѓународно признание” и дека нејзината поврзаност со Косово е инспирација за младите генерации.
Пејачката, која има косовско-албанско потекло, неколкупати досега јавно го изразила својот национален идентитет и гордост за родниот крај на своите родители. Таа е коосновач на фестивалот “Sunny Hill” кој се одржува во Приштина и има за цел да ја промовира косовската уметност и музичка сцена пред светската публика.



