Шоубиз
Магазинот „People“ го избра најзгодниот маж за 2023 година
Магазинот People го прогласи актерот Патрик Демпси за најсекси маж за оваа година.
Изборот беше објавен за време на шоуто „Jimmy Kimmel Live!” во вторникот вечерта додека Кимел ја претстави ѕвездата на „Grey’s Anatomy“ во шоуто. Демпси му ја презеде круната на актерот од „Captain America“, Крис Еванс, откако ги победи финалистите Педро Паскал, Тимоти Шаламе, Ашер, Џејми Фокс, Џејсон Келси и Лени Кравиц.




