Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Кортни Кардашијан и Тревис го добија своето прво заедничко дете

Шоубиз

Кортни Кардашијан и Тревис го добија своето прво заедничко дете

Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан (44) и нејзиниот сопруг, музичарот Тревис Баркер (47) добија син. 

Неколку членови на семејството Кардашијан и Џенер биле забележани пред болницата „Cedars-Sinai“ во Лос Анџелес, а потоа извори за магазинот People потврдиле дека Кортни се породила.

Славната двојка се обидувала да забремени две години, а Кортни неколку пати пробувала вештачко оплодување. Сепак, таа остана бремена дури кога ги прекина третманите со ИВФ. Таа во септември оваа година ненадејно заврши во болница, а подоцна откри дека морала да оди на операција за да го спаси бебето.

Тревис претходно откри дека Кортни треба да се породи на Ноќта на вештерките или првата недела од ноември, а исто така го навести и името. Нивното прво заедничко дете наводно ќе го добие името Роки.

Инаку, ова е четврто дете за Кортни. Таа има три деца со поранешниот партнер Скот Дисик, синовите Мејсон и Рејн и ќерката Пенелопе. Тревис има две деца од претходниот брак, синот Лендон и ќерката Алабама, а исто така е и очув на Атиана Де Ла Хоја, која неговата поранешна сопруга ја добила во првиот брак.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.