Шоубиз
Мајка и ќерка на ОнлиФанс? Дениз Ричардс и ќерка ѝ заработуваат на истата платформа!
Актерката и поранешна ѕвезда на реалното шоу The Real Housewives of Beverly Hills, Дениз Ричардс, отворено зборува за своето присуство на платформата ОнлиФанс и нејзината одлука да ја поддржи ќерка ѝ, Сами Шин. Иако двете се активни на истата платформа, имаат едно строго правило – не си ја следат содржината.
„Не, тоа би било чудно“, изјави Сами за магазинот People, а Дениз се надоврза: „Да, тука ја повлекуваме границата“.
Мајчинска поддршка и борба против осудите
Ричардс, која има 54 години, вели дека решила да се приклучи на платформата откако нејзината ќерка почнала да добива негативни коментари на социјалните мрежи.



