Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Маргот Роби стана најплатената актерка во светот

Шоубиз

Маргот Роби стана најплатената актерка во светот

Австралиската актерка Маргот Роби (32) и официјално е најплатената актерка во Холивуд оваа година благодарение на хонорарот за филмот „Barbie“.

Улогата на Барби и носи на актерката 12,5 милиони американски долари. Ова го надмина претходниот хонорар на Роби од 10 милиони долари за филмот „Birds of Pray“ од 2020 година, во кој таа го играше ликот на Харли Квин.

Рајан Гослинг (41), кој ја игра улогата на Кен во филмот, наводно заработува иста плата како и неговата колешка Барби, па така двајцата се изедначија на 16-то место на најновата листа на Variety за највисоки заработувачки во Холивуд.

Неодамна, по четири месеци, заврши снимањето на филмот „Barbie“. Тоа ќе биде првата филмска адаптација на приказната за најпознатата кукла во светот и треба да пристигне во кината во јули 2023 година. Роби најави дека филмот ќе биде поинаков отколку што публиката веројатно очекува.

Според оваа листа, ѕвездата од серијата „Stranger Things“, актерката Мили Боби Браун (18) е втората најплатена актерка која е платена 10 милиони долари за главната улога во филмот „Enola Holmes 2“.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.