Меган Фокс на шопинг во Солун
Меган Фокс и Машин Ган Кели беа забележани со сите нивни деца во Грција.
35-годишната актерка и 31-годишниот рапер беа видени со трите синови на Меган, Ноа, Боди и Џорни, заедно со ќерката на МГК, Кејси Колсон Бејкер.
Групата беше забележана за време на шопинг во Солун. Тие посетија неколку продавници, а влегоа и во продавница за наќит.




