Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Моника Белучи во нова жешка еротска сцена (ФОТО)

Шоубиз

Моника Белучи во нова жешка еротска сцена (ФОТО)

Италијанскиот секс симбол, глумицата Моника Белучи лани го привлече вниманието како највозрасната „Бонд девојка“ во 007 серијалот филмови, а сега таа уште еднаш покажа дека за жените годините може да бидат само еден обичен број.

Имено, 52-годишната заводничка се појави во пет епизоди текевизиската драма „Моцарт во џунглата“, каде има експлицитни љубовни сцени со својот помлад колега, Мексиканецот Гаел Гарсија Бернал.

Фановите коментираат дека таа апсолутно го оправдала изборот на сценаристот Роман Копола.

– Беше автентична, своја… Италијанка е, страствена е и очигледно доста убава, динамична и интересна. Не ми требаше многу размислување (околу нејзин ангажман), рече Копола.

Интересно е да се напомене дека токму тој во 1992 го наговорил својот татко, легендата на „седмата уметност“, Френсис Форд Копола, да ја ангажира италијанската убавица за филмот „Дракула“. Тоа се смета за отскочна даска во кариерата на глумицата, пишува „Дејли Мејл“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.