Шоубиз
Нетфликс објави трејлер за документарецот за принцот Хари и Меган Маркл
Денеска беше објавен трејлерот за долгоочекуваниот документарен серијал на Нетфликс за британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган.
„Кога влогот е толку голем, нели е подобро да ја слушнете нашата приказна од нас лично?“- вели Меган во трејлерот.
Хари и Меган се откажаа од своите кралски должности пред две години и се преселија во Калифорнија од каде упатија остри критики за монархијата, вклучително и обвинувања за расизам, што доведе до раскол со остатокот од семејството, особено со неговиот татко, кралот Чарлс и постариот брат.




