Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Селин Дион откри дека боледува од синдром на вкочанета личност, ја одложи турнејата (ВИДЕО)

Шоубиз

Селин Дион откри дека боледува од синдром на вкочанета личност, ја одложи турнејата (ВИДЕО)

Селин Дион откри дека ѝ е дијагностицирано ретко нарушување, SPS (Stiff Person Syndrome), синдром на вкочанета личност, што предизвикува неконтролирана мускулна напнатост.

Во видео објавено на нејзиниот Инстаграм профил на англиски и француски, канадската пејачка рече дека нејзината состојба ќе ја натера да одложи и откаже серија претстојни датуми на концерти.

„Долго време се справувам со проблеми со моето здравје и ми беше навистина тешко да се соочам со овие предизвици и да зборувам за сè низ што поминувам“, напиша 54-годишната Дион во описот на постот. „Ме боли да ви кажам дека нема да бидам подготвенa да ја започнам мојата турнеја во Европа во февруари“.

„Неодамна ми беше дијагностицирано ретко нарушување кое погодува еден од милион луѓе во светот“, вели таа во своето видео. „Додека сè уште учиме за оваа ретка состојба, сега знаеме дека тоа е причината за грчевите од кои страдав“.

Состојбата, според Фондацијата за синдром на вкочанета личност, влијае на централниот нервен систем, особено на мозокот и ‘рбетниот столб. „Пациентите може да бидат инвалиди, врзани за инвалидска количка или во кревет, неспособни да работат и да се грижат за себе“, велат тие, додавајќи дека невролошката болест со автоимуни карактеристики може да вклучува симптоми како „хипер-ригидност, ослабувачка болка, хронична анксиозност“ и мускулни грчеви „толку насилни што можат да ги дислоцираат зглобовите, па дури и да ги скршат коските“.

„За жал, овие грчеви влијаат на секој аспект од мојот живот и ми отежнуваат да се движам наоколу и не ми дозволуваат да ги користам моите гласовни способности на кои сум навикната. Тешко ми е што морам да ви кажам дека тоа значи дека нема да бидам подготвена да ја продолжам мојата европска турнеја во февруари, како што беше претходно најавено“, рекла Селин.

Пејачката откри и дека за неа се грижи одличен тим лекари, кои ѝ помагаат да закрепне, а истакна и дека има голема поддршка и помош од своите деца.

Но, петкратната добитничка на Греми изјави дека не се откажува од тоа да може повторно да настапува. „Се што знам е да пеам“, рече таа. „Тоа е она што го правев цел живот. И тоа е она што најмногу сакам да го правам“.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.