Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Оскари 2023: Седум оскари за филмот „Everything Everywhere All at Once“

Шоубиз

Оскари 2023: Седум оскари за филмот „Everything Everywhere All at Once“

Заврши 95-тото доделување на наградите на Американската академија за филмски уметности и науки што се одржа во театарот Долби во Холивуд, а домаќин беше познатиот телевизиски водител и комичар Џими Кимел и тоа по трет пат.

Филмот „Everything Everywhere All at Once“ си замина дома со седум Оскари! Филмот ги освои наградите за најдобар филм, најдобра женска улога, најдобра режија, најдобра филмска монтажа, најдобро оригинално сценарио, најдобра споредна женска улога и најдобра споредна машка улога. Филмот „All Quiet on the Western Front“ освои четири статуетки, а филмот „The Whale“ освои две.

Оскарот за најдобар филм го доби „Everything Everywhere All at Once“, Брендан Фрејзер беше прогласен за најдобар актер за улогата во филмот „The Whale“, а Мишел Јео ја однесе златната статуетка во категоријата најдобра актерка за нејзиниот настап во филмот „Everything Everywhere All at Once“.

Оскарот за најдобар анимиран игран филм отиде кај „Guillermo del Toro’s Pinocchio“ на Гиљермо Дел Торо. Оскар за најдобар долгометражен документарен филм му припадна на политичкиот документарен филм „Navalny“ на режисерот Даниел Рохер.

Во категоријата најдобар звук, Оскарот отиде кај филмот „Top Gun: Maverick“, а во категоријата за најдобра оригинална песна, за песната „Naatu Naatu“ на Рахул Сиплигуњ и Каал Бајрав од филмот „RRR“.

Целосната листа на номинации и победници можете да ја видите тука.

 

 

 

 

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.