Шоубиз
Ријана и Лејди Гага имаа неверојатни перформанси на Оскарите (ВИДЕО)
95-тото доделување на Оскарите беше преполно со моќни изведби на некои од најголемите светски суперѕвезди, вклучувајќи ја и Ријана, која се качи на сцената за да ја отпее „Lift Me Up“ од „Black Panther: Wakanda Forever“. Во меѓувреме, Лејди Гага ги изненади фановите со изведбата во последен момент на „Hold My Hand“ од „Top Gun: Maverick“.
Пејачката Ријана (35) се пресоблече неколку пати за време на 95-тото доделување на Оскарите што се одржа во Лос Анџелес. Таа првпат беше фотографирана кога влегуваше во театарот Долби во Лос Анџелес облечена во маица, патики, капа, очила за сонце и огромни златни обетки.
Набргу потоа се пресоблече во црн кожен фустан на брендот „Алаја“ и гордо го покажа својот труднички стомак.



